Свет 13. февруари 2020. / 10:59

Околу 160 милиони луѓе во Кина следната недела се враќаат на работа

Околу 160 милиони луѓе во Кина следната недела се враќаат на работа

Кина очекува околу 160 милиони вработени да се вратат на своите работните места во текот на следната недела затоа што земјата се обидува да го минимизира економското влијание на корона вирусот.

Следниот вторник го означува официјалниот крај на Лунарната нова година, поволна прилика за кинескиот календар да го одбележи крајот на претходната година, што беше погодена од вирусно заболување кое доега однесе до 1.110 животи.

Огромната мобилизација на луѓе во овој период доаѓа и покрај раните предупредувања граѓаните да избегнуваат големи метежи. На брифинг во вторникот, кинеските власти соопштија дека ќе бидат преземени активности за да се намали ризикот од пренесување на заразата. Тие нерки вклучуваат ограничување на капацитетот на оптоварување на вагони на долги растојанија, зголемување на стерилизација на јавниот превоз и извршување проверка на температурата на патниците, наведоа од Секторот за транспортни услуги.

Смртните случаи во покраината Хубеи се чини дека го достигнаа својот врв во средата, иако загриженоста се зголемува во врска со ситуацијата со крузерот во Јапонија, каде што во најновиот случај на инфекција е офицерот за карантин.

„Си-Ен-Ен“ нагласува дека тие бројки се многу сомнителни. Останува неизвесност за ефективноста на методите за тестирање на вируси, како и за должината на периодот на инкубација. Болниците во Вухан и на други места во Хубеи се пренатрупани и се борат да се справат, што може да им оневозможи на некои луѓе со вирус да видат лекар за да има постават дијагноза.

Кинеските научници проценија дека ширењето на корона вирусот може да се зголеми кон средината на февруари, иако претходните проценки мораа да бидат корегирани.