Свет 27. април 2020. / 22:57

Оклахома бара од Трамп да го прогласи коронавирусот за „Божја работа“

Оклахома бара од Трамп да го прогласи коронавирусот за „Божја работа“

Гувернерот на Оклахома го повика американскиот претседател Доналд Трамп да ја прогласи пандемијата на коронавирусот за „Божја работа“, што би им помогнало на државите што произведуваат нафта, чија цена за првпат минатата недела падна под нулата.

„Преголемото производство на нафта продолжува да ја загрозува економијата. Прогласувањето „виша сила“ или „Божја работа“ ќе им овозможи на нафтените компании да престанат со работа без опасност да им се откаже закупот на наоѓалиштата, “, напиша гувернерот Кевин Стит (републиканец) во писмото до Трамп што го објави на Твитер.

Регулаторната агенција на Оклахома за енергетика оцени дека сегашното производство може да се смета за „економска загуба“ што може да им овозможи на производителите без загуби за концесија да затворат комплекси за вадење нафта каде губат пари.