Свет 13. јули 2018. / 22:35

Огромна змија од која има само 12 примероци е одгледана во Виенската зоолошка (ФОТО)

Огромна змија од која има само 12 примероци е одгледана во Виенската зоолошка (ФОТО)

На винеската зоолошка градина “Tirgarten Ssenbrun” и појде од рака да ја одгледа најретката џиновска змија на светот.

Природното живеалиште на овој питон, чие латинско име е Morelia carinata, се зафрлените подрачја на Западна Австралија, каде до сега се забележани само 12 примероци од овој вид. Затоа се смета за една од најретките, а ни една друга змија нема толку тесно подрачје на распространетост.

Се наведува дека да одгледаат ваква змија до сега им успеало само на неколку приватни одгледувачи од Австралија и Австралискиот парк на рептили во рамки на заштита на овој вид.

Виенски “Tirgarten Ssenbrun” е првата зоолошка надвор од Австралија каде успеа да се одгледа змијата.

Питонот може да нарасте до два метри во должина, но до сега не е многу истражуван.

„Минатата година нашата женка прв пат положи јајца, но за жал од нив не се изведе ни едно младенче. Во април годинава откривме осум јајца кои ги загревавме во инкубатор до 31 степен Целзиусов, а подоцна на пониска температура, па по 60 дена се изведоа сите осум младенчиња, што многу не радува“, велат од зоолошката.