Свет 06. септември 2020. / 19:15

Огромен пад на цената на нафтата: Повторно страв од бавно економско закрепнување

Огромен пад на цената на нафтата: Повторно страв од бавно економско закрепнување

Цените на нафтата на светскиот пазар во петокот паднаа за повеќе од три проценти, што е најмногу од јуни, поради стравувањата дека бавното закрепнување на економијата ќе влијае на побарувачката за овој извор на енергија.

Цената на суровата нафта Брент од Северното Море падна за 1,41 долар или 3,2 проценти на 42,66 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта е пониска за 1,6 долари или 3,9 проценти и изнесува 39,77 долари за барел.

Во споредба со минатата недела, „Брент“ падна за 5,3 проценти, а лесната сурова нафта за 7,4 проценти.