Свет 18. април 2020. / 16:30

Официјален американски став: Корона вирусот не се пренесува преку амбалажа од храна

Официјален американски став: Корона вирусот не се пренесува преку амбалажа од храна

Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) им порача на граѓаните дека не е потребно да ја мијат и бришат амбалажите од храната што ја купиле во продавниците, затоа што корона вирусот не се пренесува на тој начин.

Главите горе, потрошувачи нема потреба да ја бришете и перете амбалажата од храната при враќањето дома – наведува ФДА во настојувањето да го намали стравот кај Американците дека амбалажата може да биде заразена со корона вирус.

Соопштението на ФД доаѓа, како одговор на некои истражувања кои укажале на тоа дека вирусот може да живее на одредени површини од неколку часа до неколку дена.

Сакаме да ги увериме потрошувачите дека не постои евиденција за човековата и животинската храна или амбалажа што се поврзани со пренесувањето на корона вирусот – наведе ФДА на совјот сајт

ФДА ги потсетува сите граѓани дека доколку веќе се грижат околу амбалажата, повеќе внимание да посветат  на тоа да минат што помалку време во продавниците, со тоа што на време ќе направат список за сите потребни производи што сакаат да ги купат.

Исто така, од Агенцијата потсетуваат дека е многу поважно да држат дистанца од другите луѓе и почесто да ги мијат рацете.