Свет 15. април 2020. / 09:26

Одземена лиценцата на Ројтерс за Ирак поради лажна вест за корона вирусот

Одземена лиценцата на Ројтерс за Ирак поради лажна вест за корона вирусот

Ирак привремено и ја укина дозволата за емитување на британската агенција Ројтерс, откако објавила сторија во која се тврди дека бројот на заразени со корона вирусот во земјата е поголем од официјалните податоци.

Ирачкото регулаторно тело за медиуми (ЦМЦ) и ја одземала лиценцата на агенцијата на три месеци и ја казнила со 21 милион ирачки динари (околу 21.000 американски долари) поради прекршувања на правилата за медиумско известување.

Ројтерс доби наредба од ЦМЦ и да издаде официјално извинување за јавноста поради објавената вест.