Свет 22. март 2020. / 19:31

Одлуката за Олимписките игри ќе се знае за четири недели

Одлуката за Олимписките игри ќе се знае за четири недели

Според пишувањата на странските медиуми, Меѓународниот олимписки комитет (МОК) си поставил рок од четири недели да одлучува за игрите во Токио.

Во неделата се одржа состанок на Извршниот одбор на МОК на кој беше решено конечната одлука за одржување на Игрите во Токио да биде донесена најдоцна во рок од четири седмици.

Наводно, се разгледува опцијата за одложување на игрите за неколку месеци, па дури и за една година.  Можноста Игрите да бидат откажани е обиена.

Пред неколку дена, претседателот на МОК, Томас Бах, откри дека има повеќе опции и дека конечното решение нема да се донесе единствено на финансиска основа.

Олимписките игри се закажани од 24 јули до 9 август.