Свет 16. ноември 2018. / 14:48

Одлуката е донесена: Израел ќе распише предвремени парламентарни избори

Одлуката е донесена: Израел ќе распише предвремени парламентарни избори

Состанокот помеѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за образование Нафтали Бенет претходно денес резултираше со одлука за одржување предвремени парламентарни избори во Израел, пренесува „Хаарец“ цитирајќи извори блиски до Бенет.

Одлуката беше донесена неколку дена откако министер за одбрана Авигдор Либерман ја напушти функцијата, а неговата партија „Израел Бејтену“ потоа ја напушти владејачката коалиција со што го остави Нетанјаху со кревко мнозинство.

Во меѓувреме, „Џерусалем пост” посочи дека датумот на изборите ќе биде договорен во недела од страна на шефовите на партиите на коалицијата.