Шефот на полската Изборна комисија соопшти дека претседателот на полскиот Парламент-Сејмот има 14 дена за да го соопшти новиот датум за претседателските избори во земјата.
Претседателските избори во Полска првично требаше да се одржат вчера, но заради епидемијата на корона вирусот, владата и опозицијата на 7 мај се договорија тие да се одложат.
Полскиот вицепремиерот, Јацек Сасин. тогаш изјави дека изборите најрано можат да се оддржат во јуни.