Свет 04. април 2020. / 23:59

Одложен вонредниот состанок на земјите извознички на нафта

Одложен вонредниот состанок на земјите извознички на нафта

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници нема да одржат вонреден виртуелен состанок во понеделник и најверојатно ќе го одложат за 8 или 9 април.

Како причина за одложувањето, извори од ОПЕК ја наведуваат потребата да им се даде на производителите на нафта повеќе време да преговараат за намалувањето на испораките.