Британскиот парламент го одби предлогот на премиерката Тереза Меј, со кој се бараат промени во нејзиниот план за брегзит. Против идејата биле 300 пратеници, додека ја поддржале 258.
Многумина пратеници од владејачката Конзервативна партија биле воздржани, стравувајќи дека Меј го ублажува ставот за напуштање на Европската Унија без договор односно дека нејзиниот предлог исклучува брегзит без договор со Брисел.
Сепак, ваков исход од гласањето не ја обврзува Владата да ја менува својата стратегија, со тоа е потврдено ветувањето на Меј кон европските лидери дека со извесни измени, британскиот парламент би можел да го прифати договорот за брегизт, кој е постигнат во ноември минатата година.