Свет 19. декември 2020. / 10:00

Од почетокот на пандемијата во светот починале над 1,6 милиони лица

Од почетокот на пандемијата во светот починале над 1,6 милиони лица

Во светот досега, од почетокот на пандемијата во февруари годинава, со коронаворусот се заразиле точно 76.013.847 лица, а во моментот од нив се активни 21.050.440 инфектирани случаи, покажуваат последните податоци на веб-страницата на „Worldometers“.

Од Ковид-19 досега умреле вкупно 1.681.255 лица, а 53.2282.152 заздравеле од болеста.

Најголем број на потврдени случаи има во САД – 17.888.353, Индија – 10.004.825, Бразил – 7.163.912, Русија – 2.791.220 и Франција – 2.442.990.