Свет 04. март 2021. / 21:50

Од почетокот на пандемијата, од Ковид-19 заболеле вкупно 116 милиони лица

Од почетокот на пандемијата, од Ковид-19 заболеле вкупно 116 милиони лица

Од почетокот на пандемијата во светот се регистрирани повеќе од 116 милиони случаи на коронавирус, од кои моментно се активни речиси 22 милиона.

Според податоците, досега 116.033.147 луѓе се заразиле со коронавирус во светот, починале 2.576.206 пациенти, а 91.713.215 лица оздравеле од инфекцијата.

САД и понатаму се први по бројот на заразени и починати, со 29.469.081 заболени и 531.951 смртни случаи.

На второ место по бројот на заболени се наоѓа Индија со над 11 милиони инфицирани лица, а на трето место е Бразил со повеќе од 10 милиони заразени.

Според бројот на починати на второ место во светот се наоѓа Бразил со 259.402 смртни случаи, на трето место е Индија со 157.584, а на четврто место е Велика Британија со 124.025 смртни случаи.