Свет 27. октомври 2019. / 16:30

Од најголемиот аеродром во светот до 2025 се очекуваат 72 милиони патници

Од најголемиот  аеродром во светот до 2025 се очекуваат 72 милиони патници

Првите меѓународни летови тргнаа денес од новиот аеродром Даксинг, во Пекинг, најголемиот во светот.

Аеродромот беше официјално отворен кон крајот на септември, пред 70-годишнината од Народна Република Кина. Аеродромот има четири писти и се очекува да достигне 72 милиони патници до 2025 година.

Покојната ирачко-британска архитекта Заха Хадид го  дизајнираше аеродромот, за кој се вели дека е во форма на феникс.