Ив Брансон, мајката на британскиот милијардер и основач на групата „Вирџин“, Ричард Брансон, почина на возраст од 96 години, од последиците од Ковид-19.
Веста ја објави Ричард Брансон на својот блог.
Брансон напиша и дека една од неговите сестри и внукот биле со неа до самиот крај, како и двете прекрасни медицински сестри кои таа ги забавувала со приказните од својот живот.
Пишувајќи за животот на својата мајка, Брансон вели дека своите деца ги научила на важноста од напорна работа, да ги третираат луѓето како што сакаат да бидат сами третирани, на претприемаштво но и дека не смееме себеси да се сфаќаме пресериозно.
Беше инвентивна, храбра и неуморна – претприемач, пред светот да знае за тој збор.