Свет 06. март 2020. / 19:21

Од коронавирус во Италија починаа 197 луѓе

Од коронавирус во Италија починаа 197 луѓе

Бројот на починати од коронавирус во Италија се искачи на 197. Во последните 24 часа починале 49 луѓе, што е најголем број досега на починати во еден ден во земјата.

Бројот на заразени се искачи на 4.636. Во Словенија, пак, денеска е потврден уште еден случај со што вкупниот број на заболени е седум.

Според последните податоци, бројот на заболени во светот е 100.242. Досега починале 3.390, а излекувани се 55.809.