Советник на министерот за надворешни работи на Иран, кој беше присутен во кризата на заложници во американската амбасада во 1979 година, го загуби животот од коронавирусот, пишува новинската агенција ИРНА.
Хусејн Шеикхолеслам ветеран и револуционерен дипломат, почина доцна во четвртокот, пишува агенцијата.
Иран се обидува да го спречи ширењето на коронавирусот. Досега заразени се 4.747 луѓе, додека 121 лица го загубиле животот.