Свет 22. ноември 2020. / 12:37

Од Газа испалени ракети кон јужниот дел на Израел, армијата возврати

Од Газа испалени ракети кон јужниот дел на Израел, армијата возврати

Припадници на терористичката група Хамас во саботата испалија ракети кои погодија складиште во јужните делови на Израел, близу градот Ашкелон.

Израелската Армија возврати на нападите и рано утринава преку воздушни напади погоди две позиции на Хамас во појасот Газа, потврди портпаролот на Израелскте одбранбени сили.

Според локалната полиција, ракетите на Хамас погодиле магацин во периферијата на Ашкелон и предизвикале значајна штета. За сега, нема пријавени жртви.

На својот Твитер профил, ИДФ објави дека има погодено две локации на кои Хамас произведувале ракети, како и неколку подземни објекти и воен комплекс.