Почнувајќи од денеска, во следните две седмици, на Кипар се воведува полициски час од 21 до 5 часот наутро и стапуваат во сила новите мерки соопштени минатата седмица, јавуваат од МИА.
Рестораните и кафулињата ќе работат до 19 часот, затворени се фитнес центрите, базените и казината, се воведува забрана за јавни собири и протести, во црквите и религиозните храмови дозволени се најмногу 75 лица, додека, пак, за венчавките, крштевањата и погребите, бројот не смее да биде над десет присутни.
Продавниците и моловите, фризерските и козметичките салони, археолошките локалитети и музеите, театрите и галериите ќе останат отворени, но согласно здравствените протоколи.