Шведскиот координатор за вакцини Ричард Бергстром денеска изјави дека „Астра Зенека“, според сегашните информации, ќе може да достави 150 милиони дози вакцини против Ковид-19 во Европската унија во вториот квартал, како што беше претходно соопштено.
– Тоа дури е помалку отколку во првичниот договор, рече Бергстром.
Тој додаде дека не се „целосно задоволни“.
– Но тие се обидуваат да најдат нови количини и сметаме дека тоа е многу добро, додаде Бергстром на прес-конференција