Свет 26. јуни 2018. / 09:45

Од 1 јули забрането пушење во паркови и градини во Стразбург

Од 1 јули забрането пушење во паркови и градини во Стразбург

Градскиот совет на Стразбур одлучи да забрани пушење во сите јавни паркови и градини.

Забраната, прва ваква во Франција, ќе стапи на сила на 1 јули и беше усвоена едногласно од општинскиот совет. Целта е градот да се спротистави на растечката употреба на тутун и на последиците врз животната средина, безбедноста и здравјето на луѓето.

Подготвена во соработка со Лигата против ракот, забраната ќе важи за шесте големи паркови на градот, а подоцна и за сите јавни зелени површини.

По „експерименталната фаза“ во 2018 година, во 2019 година казните ќе бидат 68 евра.

„Еден отпушок може да загади до 500 литри вода за пиење, што станува несоодветна за пиење”, велат од општината.

Во 2017 година бројот на пушачи во Франција е намален „историски” – за еден милион, токму благодарение на зголемувањето на цените на цигарите, но и на супститути како електронските цигари, информираше француската влада.