Парламентарните избори во Белорусија во текот на викендот не беа во согласност со демократските стандарди, наведуваат меѓународните набљудувачи.
Како се наведува, изборите ги одбележале ограничувања на основните слободи и загриженост заради процедуралниот интегритет.
Официјалните резултати покажале дека на изборите ниту еден опозициски кандидат не освоил пратеничко место, пренесуваат британските медиуми.
–Овие избори покажаа општ недостаток на почитување на демократските обврски – изјави Маргарета Кедерфелт, лидер на набљудувачката мисија на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ).