ОБСЕ соопштија дека нема испратат набљудувачи во Белорусија следниот месец затоа што поканата до нив не била испратена навреме. Тие додаваат дека се загрижени за извештаите за закани кон потенцијалните кандидати за претседател.
Гласањето на 9 август ќе биде првпат како ОБСЕ нема да набљудува избори на национално ниво во Белорусија од 2001 година.
Ги известивме властите во Белорусија дека немањето навремена покана за набљудување на претседателските избори следниот месец не спречи да извршиме набљудување на тековниот изборен процес – изјави Катја Андруш, портпаролка во ОБСЕ/ОДИХР.
Во своето соопштение ОБСЕ додава дека немањето покана „повеќе од два месеци по објавувањето на изборите … рефлектира недостаток на посветеност за соработка со ОДИХР“.
Во него се додава дека постои „длабока загриженост од извештаите дека потенцијалните кандидати биле заплашувани, а опозициски активисти апсени“.