Британските медиуми денеска објавија снимка од надзорните камери, на која се гледа падот на хеликоптерот, во кој загина претседателот на англискиот фудбалски клуб Лестер, Тајланѓанецот Вичаи Сривадханапрабха и уште четири лица.
На снимката која трае 36 секунди се гледа како хеликоптерот се крева и по неколку секунди почнува да паѓа.
До падот на хеликоптерот дошло после натпреварот, а причината сеуште не е откриена.