Свет 15. ноември 2019. / 10:58

Обилниот снег во Франција предизвика хаос – еден човек загина, а 200.000 домови останаа без струја

Обилниот снег во Франција предизвика хаос – еден човек загина, а 200.000 домови останаа без струја

Еден 63-годишен човек починал додека се обидувал да расчисти снежен пат до својот дом во Изер, по обилните снежни врнежи во југоисточна Франција.

Тој загинал кога врз него паднало дрво под тежината на снегот. Драмата се случила во близина на Бургоин-Жалио. Пожарникарите не успеале да го повратат во живот.

Првиот пообилен снег во југоисточниот дел на Франција доведе до прекин во снабдувањето со електричната енергија, ограничувања во сообраќајот на патиштата и на железницата.

Околу 200.000 домаќинства останаа без електрична енергија. Голем дел од жителите на Дром, Ардеш и Изер ја поминаа вечерта со свеќи и без греење. Овие нарушувања се предизвикани од паѓање дрвја врз далноводите, од тежината на снегот. На пример, на Tурно сур Рон (Ардеш) е прекината среднонапонската линија од 20.000 волти.

Снегот предизвика нарушувања во сообраќајот на железницата. Движењето на возовите е прекинато на три правци од Гренобл „барем до петок напладне“, најавуваат од компанијата, поради паднати дрвја врз пругите или опасност од паѓања. Засегнатите правци се Гренобл-Лион, Гренобл-Валенс и Гренобл-Вејнес. Сепак можно да се оди од Гренобл во Лион, но со „пренасочување“ што минува преку  Шамбери во Савоа и Амбериу во Аин.

Проблеми има и на патиштата. Од своја страна, префектот на Ардече бара од возачите да не излегуваат непотребно на пат. Околу Сен Етијен сообраќајот за тешките возила на автопатот е во прекин.

Девет департамани се ставени во портокалова будност. Аин, Ардеш, Дром, Изер, Лоара, Рона, Сон-ет-Лоара поради снегот. Вар е ставен поради опасност од поплави и високи бранови. Што се однесува до поморските Алпите, тие се под будност од високи бранови.