Министерот за внатрешни работи на Пакистан, Ахсан Икбал, беше ранет со пиштол, пишува Индепендент.
Ахсан Икбал беше погоден во рамото за време на изборниот митинг во централната провинција Пунџаб.
Министерот се враќал во својот автомобил, по политичкиот собир, кога бил погоден со пиштол.
За среќа министерот преживеал и е надвор од животна опасност.
Напаѓачот е приведен веднаш по обидот за атентат.