Свет 20. ноември 2020. / 22:37

Обама: Не уживав во нападите со дронови, но не смеев да изгледам слабо пред терористите

Обама: Не уживав во нападите со дронови, но не смеев да изгледам слабо пред терористите

Поранешниот Претседател на САД, Барак Обама, се соочи со жестоки критики од „анти-воените“ кругови во земјата откако во своите мемоари напиша дека никогаш не уживал во нападите со дронови кои одземаа илјадници животи, но ги наредил бидејќи не смеел да изгледа „мек“ према терористите, објави медиумот Раша Тудеј.

Новата книга на поранешниот претседател со наслов „Ветената Земја“, ни дава нови сознанија за контроверзната одлука на администрацијата на Обама за продолжување на Програмата за дронови која беше започната во времето на Џорџ В. Буш.

Критиките на сметка на обама во главно доаѓаат од анти-воените движења во земјата, кои велат дека една од оригиналните заложби во кампањата на Обама беше тој да се повлече од конфликтите на Блискиот исток. Но, тоа ветување не беше остварено во неговите 8 години на власт и Обама често е обвинуван дека не само што не се повлекол, туку и придонел кон ескалација на насилството во регионот преку неговите политики во Либија, Сирија и пошироко.

Во одредени документи кои беа објавени во јавноста за легитимноста и ефикасноста на Програмата за дронови, се наведува дека дури 90 отсто од жртвите при нападите, не биле посакуваните цели.

За разлика од администрацијата на Обама, администрацијата на актуелниот претседател Доналд Трамп ги исполни своите ветувања, се повлече од бесмислените војни на Блискиот исток и го намали военото присуство на САД во повеќе земји, меѓу кои и Ирак и Авганистан.