Свет 23. август 2019. / 20:11

Нуклеарна електрана тргна на пат кон Арктикот

Нуклеарна електрана тргна на пат кон Арктикот

Пловниот нуклеарен реактор „Академик Ломоносов“ денеска ќе исплови од арктичкото пристаниште Мурманск на пат долг 5.000 километри до североисточен Сибир.

Нуклеарната агенција „Росатом“ соопшти дека реакторот е поедноставна алтернатива од изградба на конвенционална нуклеарна електрана на терен, кој е замрзнат цела година.Екологистите предупредуваат од опасноста на пловниот нуклеарниот реактор нарекувајќи го „Чернобил на мраз“ и „нуклеарен Титаник“. Предвидено е патувањето да трае од четири до шест недели во зависност од временските услови, а кога ќе пристигне во градот Певек ќе ја замени локалната нуклеарна електрана.