Тројца поранешни шефови на НАТО го поддржале предлогот според кој новото седиште на Алијансата би го носело името на починатиот американски сенатор, Џон Мекејн, објави Би-би-си.
Андерс Фог Расмусен, Џорџ Робертсон и Хавиер Солана рекоа дека именувањето на седиштето според Џон Мекејн ќе биде вистински начин Алијансата да му се оддолжи на сенаторот за неговоата животна посветеност.
Именувањето на новото седиште според Мекејн беше првично предложено од пратеникот на конзервативците во Британскиот парламент, Том Тугендхат.
„Внимателно ќе ја разгледаме идејата“, изјавила портпаролката на НАТО за Си-Ен-Ен.
Мекејн, кој почина во саботата на 81 година, беше силен поборник за НАТО, поради што се судри и со претседатолот Доналд Трамп, кој е критички настроен кон Алијансата.
Трамп смета дека САД повеќе придонесуваат за буџетот на НАТО од другите членки, поради што се закани дека ќе излезе од Алијансата.