Свет 31. јули 2018. / 21:33

Новото лице на Хамас и Хезболах, Ахед Тамими, не жали за физичкиот напад врз израелскиот војник

Новото лице на Хамас и Хезболах, Ахед Тамими, не жали за физичкиот напад врз израелскиот војник

Ахед Тамими, неодамна ослободената палестинска тинејџерка која протестирајќи удри израелски војник и поради тоа заврши осум месеци во затвор, изјави дека два дена по излегувањето не чувствува жалење за својата постапка.

„Јас би кажала дека тоа беше нормална и природна реакција. Кој било на мое место веројатно ќе го направеше истото“, кажа денес 17-годишната Тамими  пред насобраните новинари во дворот на својата куќа на Западниот брег.

„Исто така, имајќи ги предвид околностите и ситуацијата, да, веројатно да знаев дека тоа ќе ме чини осум месеци во затвор, ќе го направев истото“, додаде Тамими.

Младата Палестинка, која од затвор беше пуштена од неделата, стана симбол на палестинскиот отпор против израелската воена окупација по објавувањето на видеото, додека од другата страна голем број Израелци ја обвинуваат дека е провокаторка која сака да ги провоцира војниците пред камерите.

Во декември 2017 година, снимката на која се гледа како Тамими, тогаш 16-годишна, удира војник на приодот на својот дом стана вирална. Таа беше уапсена набрзо потоа и беше осудена на осуммесечен затвор.

Тамими остакна и дека се „чувствувала исклучително фрустрирано и луто“ додека го удирала војникот, бидејќи нејзин родинина тинејџер бил тешко повреден со гумен куршум за време на протест против израелската окупација во нејзиниот роден град Наби Салех.

Девојката се воздржа од изразување припадност кон која било политичка партија, но најави дека ќе продолжи со политичкиот активизам и ќе студира право.

„Го изгубив овој период од животот, период кога сум тинејџер, кога сум дете, чувствувам како да ми го украдоа“, заклучи таа.