Кинеските медиуми објавија дека штотуку родено бебе во Вухан е заразено со коронавирус.
Присуството на коронавирусот е утврдено само 30 часа после раѓањето на бебето.
Ова е најмладата жртва заразена со коронавирус. Кинеската агенција соопштува дека состојбата на бебето е стабилна.
По овој случај се огласија лекарите во детската болница во Вухан наведувајќи дека постои можност бремените жени, кои се заразени со коронавирус, да ги пренесат на децата.
Сите витални функции на бебето се стабилни, нема температура и не кашла, но има краток здив, истакнуваат лекарите.