Свет 26. септември 2020. / 14:15

Ново предупредување од СЗО: Два милиони луѓе може да починат од Ковид-19

Ново предупредување од СЗО: Два милиони луѓе може да починат од Ковид-19

Бројот на смртни случаи од влијанието на коронавирусот во светот може да достигне два милиони пред да започне употребата на ефективната вакцина, предупреди директорот на програмата на Светската здравствена организација (СЗО) за итни ситуации, Мајк Рајан.

Тој смета дека бројот може да биде уште поголем ако не се координираат акциите за сузбивање на пандемијата.

„Ако не сториме се што можеме, бројот (од два милиони смртни случаи) не само што може да се замисли, туку за жал е многу веројатен“, рече Рајан.

Речиси девет месеци од почетоткот на пандемијата регистрирани се близу милион смртни случаи ширум светот.

Рајан рече дека не треба да се обвинуваат младите луѓе за неодамнешното зголемување на бројот на заразени, и покрај зголемената загриженост дека тие се причината за неговото ширење.