Свет 07. ноември 2020. / 22:42

Новиот американски претседател Бајден ќе се обрати до нацијата

Новиот американски претседател Бајден ќе се обрати до нацијата

Поддржувачи и симтазери на Џо Бјаден се собираат пред Белата Куќа за да го слушнат говорот на новиот американски претседател, кој ќе и се обрати на нацијата во 20 часот по локално време, односно во еден часот по полноќ по Гринич, откако американските медиуми прогласија негова победа.

Според проекциите на американските медиуми Бајден победи во државата Пенсилванија, со што доби уште 20 електорски гласа и го надмина минимумот од 270. Засега тој има 273 електорски гласови од можни 538. И Фокс телевизија, која е голем поддржувач на Трамп, го прогласи Бајден за победник со 290 електроски гласови, со оглед на тоа што тие веќе го прогласија демократскиот кандидат за победник и во државата Аризона. Бајден води и во Невада, една од клучните држави уште од изборната ноќ.

– Почестен сум што ме избравте да ја водам вашата земја. Работата пред нас е тешка, но ви го ветувам следново: Ќе бидам претседател на сите Американци, без разлика дали сте гласале за мене или не. Ќе ја задржам довербата која ми ја дадовте, се огласи Бајден на Твитер

За време на кампањата Бајден вети милијарди долари за истражувања поврзани со борбата против корона вирусот. Тој е поборник на имиграцијата во САД, вети дека ќе стави крај на нехуманото раздвојување на бегалските семејства, како и надградба на законот за општо здравство, таканаречениот „обамакер“. Сепак, главниот фокус на новата Администрација ќе биде подигање на економијата ставена на колена од коронавирусот.