Свет 01. август 2018. / 15:51

Новинар од Јапонија кој исчезнал пред три години во Сирија се појави на видеоснимка (ВИДЕО)

Новинар од Јапонија кој исчезнал пред три години во Сирија се појави на видеоснимка (ВИДЕО)

Откако на интернет се појави видео на кое се верува дека се појавува јапонски новинар кој исчезна во Сирија во 2015 година, јапонската влада објави дека ќе стори сé што е во нејзината моќ за да го спаси.

На новинарот Џумпеи Јашуди му се губи трагата во 2015 година во Сирија, а Јошихид Суга, портпарол на јапонскиот кабинет, рече дека верува дека новото видео ќе обезбеди повеќе детали за евентуалното спасување на новинарите, објави АП.

На видеоснимката се појавува човек со брада кој вели дека се наоѓа во лошо опкружување и дека му е потребно итно спасување.

АП вели дека човекот кажал дека неговото име е Умар и дека е од Кореја, но тој зборувал на јапонски јазик.

Минатата година се појавија неколку снимки за кои се веруваше дека го прикажуваат Јашуди.