Полицијата првпат објави снимки од сигурносни камери во моментот кога се случило пукање на концертот во Лас Вегас, по што луѓето почнале да бегаат. Тоа бил најстрашниот инцидент во модерната историја на САД, во кој убиени се 58 лица, а ранети стотина.
Пукањето се случило на 1. октомрви минатата година за време на концертот на отворен простор во близина на хотелот Манделај Беј. Напаѓачот пукал од 32. спрат на 22.000 луѓе кои биле собрани на Рут 91 Харвет Фестивал.
Масониот убиец Стивен Падок пукал рафално 10 минути. Нови снимки од сигурносните камери на врвот од хотелот покажуваат луѓе кои врескаат, плачат, панично трчаат.