Кина во неделата потврди уште 17 случаи на белодропбно запаление предизвикано од новиот вид на коронавирусот, предизвикувајќи загриженост додека земјата се подготвува за прослава на кинеслата месечева нова година кога поголемиот дел од населението патува.
Тројца од овие пациенти се сериозно разболени, се наведува во соопштението на градските власти од Вухан.
Вкупниот број на заразени пациенти од оваа болест во Кина, а сите доаѓаат од Вухан, град во централниот дел од земјата, сега се искачи на 62. Двајца починаа. Новите 17 пациенти почнале да ги чувствуваат првите симптоми пред 13 јануари. Симптомите се температура и кашлица, се наведува во соопштението.
– Далеку повеќе сум загрижен отколку пред една седмица, изјави научникот Нил Фергусон.
Новиот вирус припаѓа на големата фамилија на коронавируси во кои спаѓа и тешкиот акутен респираторен синдром (САРС). Тој уби речиси 800 луѓе ширум светот за време на епидемијата 2002/2003 година која исто така започна во Кина.