Свет 09. декември 2020. / 10:45

Нови рестрикции во европските држави: Полициски час во Швајцарија, Црна Гора и Холандија

Нови рестрикции во европските држави: Полициски час во Швајцарија, Црна Гора и Холандија

Јавните собири ќе продолжат да бидат забранети во Холандија, додека Швајцарија треба да спроведе слична забрана, бидејќи двете нации се борат против влошувањето на инфекциите со Ковид-19 среде вториот бран на вирусот во Европа.

-Навистина не оди добро–ниту со стапката на инфекција и ниту во болниците“, рече вчера холандскиот премиер Марк Руте, додавајќи дека во наредните недели може да се изречат повеќе мерки доколку ширењето на вирусот не забави.

Ова следи откако холандската влада гласаше за продолжување на „делумната блокада“ на државата до 15 јануари, што значи дека рестораните ќе останат затворени, а на домаќинствата ќе им биде дозволено најмногу три гости истовремено во текот на празничниот период.

Холандија пријави 43.103 нови инфекции со Ковид-19 во периодот до 8 декември, што е зголемување за над една четвртина од 33.949 претходната недела, според Националниот институт за здравство.

– Сега имаме скоро 10.000 празни столици на Божиќната трпеза поради корона, рече Руте, во врска со бројот на загинати во земјата од 9.704 за време на, како што рече, “тешка година”.

Неговиот мрачен тон го повтори и претседателката на Швајцарија, Симонета Сомаруга, која предупреди дека „најлошото од пандемијата допрва претстои“ ако Швајцарија не постапи доволно брзо, истакнувајќи дека е неопходна забрана за сите јавни настани.

Започнаа владините преговори со 26 кантони во Швајцарија за воведување полициски час, според кој продавниците, рестораните, маркетите и просториите за одмор ќе бидат принудени да се затворат до 19 часот до 20 јануари.

Исто така, од денес, во Црна Гора се донесени нови мерки насочени кон сузбивање на пандемијата на Ковид-19. Забраната за напуштање на домот трае од 22 до 5 часот наутро и забранета е работата на продавниците од 7 до 20 часот, додека угостителските објекти ќе бидат отворени од 7 до 18 часот.