Свет 09. февруари 2020. / 12:11

Нови 89 жртви: Бројката на загинати од корна вирусот во Кина се искачи на 811

Нови 89 жртви: Бројката на загинати од корна вирусот во Кина се искачи на 811

Бројот на жртви на корона вирусот во континентална Кина достигна 811, а само во текот на вчерашниот ден биле регистрирани нови 89 смртни случаи.

Националната здравствена комисија потврди и 2.656 нови случаи на заразени со корона вирус, со што вкупниот број на заразени достигна 37.198 лица.

Од посочените 89 нови смртни случаи во текот на последните 24 часа, 81 лице биле жители на провинција Хубеи, каде е епицентарот на заразата. А од вкупниот број (811) на досега загинати, 780, исто така, потенувале од оваа провинција, каде што има вкупно 27.100 заразени.

Со последните потврдени податоци бројот на жртвите од новиот коронавирус го надмина бројот на жртвите од Тешкиот остар респираторен синдром (ТОРС) од 2002-2003 година.