Свет 10. февруари 2020. / 11:11

Нови 66 случаи на заразени од корона вирусот на крузерот во Јапонија, на кој има и тројца Македонци

Нови 66 случаи на заразени од корона вирусот на крузерот во Јапонија, на кој има и тројца Македонци

На крузерот „Дајмонд принцес“, усидрен покрај јапонскиот град Јокохама, потврдени се 66 нови случаи на корона вирус.

Здравствените власти соопштија дека вирусот е откриен кај 45 државјани на Јапонија, 11 Американци, четворица државјани на Австралија, тројца од Филипини и по еден од Канада и Украина, пренесува Ројтерс.

Со ова, бројот на заразени на крузерот порасна на 136 лица.

Крузерот се наоѓа во двонеделен карантин во пристаништето Јокохама бидејќи кај еден од патниците кој од бродот се симнал во Хонк Конг дијагностициран е вирусот.

На бродот се околу 3.700 патници и членови на посадата од 50 земји, меѓу нив и тројца од Македонија.