Свет 24. март 2020. / 13:22

Нови 6.600 заболени од корона вирусот во Шпанија-За 24 часа починале 514 лица

Нови 6.600 заболени од корона вирусот во Шпанија-За 24 часа починале 514 лица

Бројот на нови случаи со корона вирусот во Шпанија, во последното деноноќие, се зголеми за 6.600 и достигна бројка од 39.673 заболени, соопшти Министерството за здравство, пренесуваат Франс прес и Ројтерс.

Во последните 24 часа, пак, починале 514 лица, со што вкупниот број на починати стигна до 2.696 лица.

Најпогоден од епидемијата е регионот на Мадрид, каде 12.352 лица се заразени, а починале 1.535.