Свет 13. април 2020. / 23:23

Нови 574 смртни случаи за еден ден во Франција

Нови 574 смртни случаи за еден ден во Франција

 Во текот на изминатите 24 часа во Франција се регистрирани 574 смртни случаи, односно 14.967 смртни случаи од почетокот на епидемијата.

На интензивна нега се 6.821 пациент, а во неделата имало 6.845. Здравствените власти наведоа дека важно е да се задржи будноста бидејќи и понатаму во болниците во Франција има голем број пациенти.