Свет 05. јули 2019. / 17:16

Нова пресвртница: Тунис забрани носење никаб на јавни места

Нова пресвртница: Тунис забрани носење никаб на јавни места

Поради безбедносни причини, премиерот на Тунис, Јусеф Саад, забрани носење никаб, превез кој го покрива целото женско лице во јавни објекти.

Одлуката беше донесена по самоубиствениот бомбашки напад во Тунис во вторникот.

Бомбашот-самоубиец кој се разнесе носел никаб, изјавија очевидци, но Министерството за внатрешни работи го негираше тоа.

Овој беше трет сличен инцидент за една недела, а тоа се случи пред изборите на есен и во шпицот на туристичката сезона.

Исламската држава ја презеде одговорност за сите три напади.

Во 2011 година, на жените во Тунис им беше дозволено да носат хиџаб и никаб по децениската забрана за време на претседателите кои не сакаат исламски фундаментализам во земјата.

Тунис е една од ретките земји во регионот каде исламистите ја делат власта со секуларните партии.