Свет 27. март 2020. / 11:44

Нова надеж за сите: 101-годишниот Италијанец „Господин П“ оздраве од корона вирусот

Нова надеж за сите: 101-годишниот Италијанец „Господин П“ оздраве од корона вирусот

Еден Италијанец кој има 101 година успеал да го победи корона вирусот и стана највозрасниот човек којшто се излечил од вирусот што го покори светот.

„Господинот П“ како што го нарекле во јавноста за да му го заштитат идентитетот, бил префрлен во болница минатата недела, но во средата бил пуштен дома затоа што оздравел од вирусот, соопштија од неговиот град Римини.

– Во најцрните времиња некои приказни имаат пошироко значење. Неговото оздравување им дава нова надеж на сите – вели заменичката на градоначалникот Глорија Лиси.

Градоначалничката нагласува дека „господинот П“ бил роден во време на пандемијата на шпански грип, што во периодот од 1918 до 1919 убил 50 милиони луѓе.