Свет 19. април 2018. / 11:22

Нова ера за Куба: Кастро заминува – граѓаните сеуште верни на неговата идеја

Нова ера за Куба: Кастро заминува – граѓаните сеуште верни на неговата идеја

Нова ера започнува во Хавана. Вчера, националното собрание на Куба започна сесија која ќе кулминира со повлекување на претседателот Раул Кастро, во корист на неговиот прв потпретседател Мигел Диаз-Канел. Овој потег поставува нова реалност: Диаз-Канел ќе биде првиот не-Кастро претседател кој ќе ја води Куба, откако марксистичките револуционери заминаа од власт по речиси шест децении, пишува Вашингтон Пост.

Од друга страна, граѓаните не можат да го замислат кубанското општество без Кастро.

-За мене е незамисливо без Фидел или Раул. Тоа е надвор од моето разбирање. Но, дури и кога заминуваат, чувствувам дека треба да ги следиме нивните идеи.- изјави Гиралдо Баез, поранешен работник во фабрика.

Раул Кастро сепак ќе остане на чело на Комунистичката партија, иако е во самракот на неговата кариера. Неговиот брат Фидел Кастро се повлече во 2008 година и две години подоцна почина.