Свет 05. август 2018. / 14:08

Нова епидемија на ебола во ДР Конго, најмалку 33 смртни случаи

Нова епидемија на ебола во ДР Конго, најмалку 33 смртни случаи

Вкупно 43 случаи на ебола, од кои 13 се потврдени, се регистрирани од почетокот на новата епидемија во источниот дел на Демократска Република Конго, прогласена на 1 август, објави Министерството за здравство.

Регистрирани се 33 смртни случаи, од кои три од 13 потврдени случаи, се вели во извештајот за епидемиолошката состојба.

Министерот за здравство во средата објави дека новата епидемија ги зафатила градот Бени, во провинцијата Северен Киву, само една недела откако го објави завршување на претходна епидемија во северозападниот во која 33 луѓе ги загубија животите.

Епидемијата започна од Мангин, мало место на 30 км југозападно од Бени.

Случаи на ебола се регистрирани и во соседната покраина Итура.