Свет 24. март 2020. / 12:56

Нов Зеланд: Од полноќ стапува во сила одлуката со која граѓаните нема да можат да ги напуштаат домови

Нов Зеланд: Од полноќ стапува во сила одлуката со која граѓаните нема да можат да ги напуштаат домови

На Нов Зеланд од полноќ стапува во сила одлуката според која граѓаните нема да можат да ги напуштаат домовите освен во одредени случаи. Предвидено е и сите институции и објекти, што не мора да работат ќе бидат затворени, како и училиштата. Мерката ќе биде во сила еден месец.

Пропишана е и оддалеченост помеѓу луѓето до минимум два метра. Нов Зеланд е меѓу првите земји што воведе обврзна самоизолација за сите луѓе кои допатуваа од странство и прва држава што ги забрани јавните собири. На Нов Зеланд во моментот 155 луѓе се заразени со новиот коронавирус.