По терористичкиот напад на двете џамии на Нов Зеланд во кој беа убиени 50 луѓе, на премиерката и пратениците им беа доволно само 72 часа да донесат важна одлука.
Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн изјави дека нејзината влада и пратениците донеле закон со кој се забранува употребата на полуавтоматско оружје и јуришни пушки, како одговор за страшното злосторство во џамиите во Крајстчерч.
Новиот закон ќе стапи на сила на 11 април годинава.