Свет 09. јануари 2020. / 22:30

Нов тип на корона вирус причина за мистериозна болест во Кина

Нов тип на корона вирус причина за мистериозна болест во Кина

Прелиминарната истрага за мистериозното вирусно воспаление на белите дробови од кое се разболеа неколку десетици Кинези, покажа дека најверојатно причината е нов тип корона вирус.

Корона вирусите се пренесуваат со кашлaње или кивање, но и преку допирање на заразено лице. Некои од овој тип вируси можат да предизвикаат сериозни респираторни болести како САРС или МЕРС.

Претставникот на Светската здравствена организација во Кина, Гауден Галеа, изјави дека кинеските истражувачи користеле примерок од еден пациент за да го одвојат вирусот.

– Прелиминарната идентификација на новиот вирус во краток временски период е значајно достигната – изјави Галеа.

Во Кина од таа болест досега се заразени повеќе од 50 луѓе, додека во Хонгконг има 38 заболени.