Епидемијата и нанесува директен удар на Италија – денешниот број на заразени на Апенинскиот полуостров од 37.809 на дневно ниво е за 3.500 поголем од вчера.
Исто така, денес е забележан пораст и на бројот на починати, вкупно 446, исто така со рекорден број направени тампон тестови, 234.245.
Забележано е зголемување на бројот на заразени во проценти: на 100 тестови, позитивни се 16.14 проценти, а зголемен е и бројот на пациенти и на интензивна терапија.
Ломбардија е регионот со апсолутен скок на позитивни случаи, а од денес прогласен за црвена зона, што значи дека е затворен освен за итно движење на населението.
Ломбардија бележи речиси 10.000 новозаразени во еден ден. Жителите бегаат од овој регион, железничката станица во Милано била преполна цел ден, а луѓето влегувале во возови за да заминат во некој регион каде нема толку драстични мерки.
Протести на разни групи оштетени од затворањето или скратувањето на работните часови се шират низ Италија.