Свет 25. октомври 2020. / 20:00

Нов рекорд во Италија – Над 21 илјада новозаболени

Нов рекорд во Италија – Над 21 илјада новозаболени

Италија пријави нов дневен рекорд со 21.273 новозаразени од коронавирус, покажуваат денешните податоци на тамошното министерство за здравство.

Со тоа, вкупниот број на случаи во Италија сега изнесува 525.782 лица.

Во последните 24 часа починале уште 128 лица, со што вкупниот број на починати од последиците на ковид-19 во земјата се искачи на 37.338.